Средното техничко училиште во Гостивар преку неколку проекти ќе го подигнува квалитетот и ќе ги подобри условите за изведување на практичната настава. Училиштето доби три гранта во вкупна вредност од 60 илјади евра, кои се значајни за модерно функционирање на оваа образовна установа. Грантовите се обезбедени од Министерството за образование и наука и од компанијата ЕВН.
„Многу сме задоволни што успеавме да стигнеме до ваков успех и да ги обезбедиме грантовите. Проектите се многу значајни за нашето училиште, за подобра практична настава за учениците и стручни можности за професорите. Сега може да кажеме дека постигнавме ниво со кое се гордееме“, рече директорот на училиштето Ибраим Асани.
Средношколците ќе добијат можност да учат преку работа во самото училиште. Еден од проектите, за кој се добиени 30 илјади евра е отворање на реална компанија. Компанијата ќе се вика Мегаметал 2018 и ќе произведува предмети од метал како клупи, огради, корпи за отпад, украси и друго. „На овој начин ќе им овозможиме на учениците практичниот дел од наставата да го реализираат во, а не надвор од училиштето. Освен што е добро за стручна подготовка на учениците, отворањето на компанијата во иднина ќе донесе и финансиски придобивки за самото училиште. Кабинетот на компанијата ќе биде опремен со најсовремена технологија CNC машини за обработка на метали“, професорот Екрем Мифтари, координатор на проектите.
Останатите два проекти кои ќе ги спроведува училиштето се за усовршување на „меки вештини“ на учениците како подготовка за пазарот на труд и опремување на кабинет за електромонтери со поддршка на ЕВН и обезбедено вработување во компанијата по завршување на образованието