Здравје и убавина
Темното чоколадо помага за побрз метаболизам

Познато е дека чоколадото – темното, но не и млечното чоколадо, се смета за здраво уживање. Истражувањата потврдија дека, на пример, може да помогне во согорување повеќе калории.
Темното чоколадо со 70 отсто или поголем удел какао, е богато со растителни соединенија наречени флавоноиди и флаваноли, што се поврзува со помала можност од срцеви заболувања. Американското здружение за срце забележува дека јадењето темно чоколадо веројатно е поврзано и со помала опасност од отпорност на инсулин и висок крвен притисок. Истражувањата укажуваат и на когнитивни придобивки, како што се подобрување на протокот на крв во мозокот, подобро помнење, побрза обработка на податоците и поубаво расположение.
Научен труд објавен во „Интернејшнал журнал оф егзерсајз сајенс“ (International Journal of Exercise Science), го испитува ефектот на мала количина темно чоколадо врз потрошувањето енергија кај жените за време на одмор и во вежбање.
Така, 18 жени во добра форма, одбрани по случаен избор, биле поделени во две групи – на едната ѝ е дадена 20 грама темно чоколадо, а на другата еднаква калориска количина бело чоколадо. Сѐ тоа требало да се јаде секој ден во 28-дневното тестирање. Испитаничките не биле свесни за фактот дека темното чоколадо е тестот, а белото е само плацебо-ефект. Вежбите вклучувале возење велосипед во место со два различни интензитета.
Испитувањата покажаа дека учесничките кои јаделе темно чоколадо доживеале скоро 10 отсто зголемување на метаболичката стапка во мирување, наспроти никакво зголемување кај групата со белото чоколадо.
Занимливо, темното чоколадо немало никакво влијание врз потрошувањето енергија за време на кој било интензитет во циклусот.
Иако може да се претпостави дека кофеинот во чоколадото може да биде причина за зголемен метаболизам, написот вели дека дневната доза темно чоколадо – приближно четири парчиња, била премала за неговата содржина кофеин да игра значајна улога во исходот. Поверојатно е дека флавоноидите во темното чоколадо стимулираат зголемен метаболизам, според истражувачите. Тие посочуваат дека натамошните истражувања може да ја откријат и расветлат улогата на темното чоколадо во енергетскиот баланс, контролата на тежината и на телото воопшто.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение