Македонија
Температурниот пад може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките

Продорот на студена воздушна маса од недела може да им нанесе штети на процветените овошки – препораки за земјоделците од УХМР
Агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека најавеното значително опаѓање на температурите од недела, проследено со врнежи и можна појава на мраз, може сериозно да ги загрози земјоделските култури, особено овошните дрвја кои веќе се во фаза на цветање.
Според нив, иако дождовите кои ја зафатија земјава во текот на изминатите денови се од големо значење за зголемување на влагата во почвата и позитивно ќе се одразат на пролетната сеидба, постои ризик од измрзнување на посевите. Најголеми штети се очекуваат кај чувствителните овошни видови, па затоа се препорачува континуирана контрола и примена на соодветни заштитни мерки.
Позитивен ефект од дождовите, но и ризици
„Овој дожд е мошне корисен за есенската пченица, која во овој период е во фаза на вретенисување, фаза кога се оформуваат репродуктивните органи што директно влијаат на приносот“, посочуваат од УХМР. За таа цел, растението мора да има доволно влага и хранливи материи во почвата.
Овошните дрвја, пак, иако имаат подолг коренов систем и полесно поднесуваат суша, сепак имаат зголемена потреба за вода во раната фаза на вегетација. „Недостигот на вода во фазата на раст на плодовите може да резултира со ситни или опаднати плодови“, предупредуваат агрометеоролозите.
Препораки за земјоделците
Од УХМР апелираат до земјоделците да преземат конкретни мерки за заштита на насадите:
- Заштита од измрзнување на чувствителните култури.
- Расчистување на одводни канали за полесно одлевање на површинските води.
- Зацврстување на пластеници и други конструкции.
- Контрола на растенијата и редовно следење на состојбата со цел навремена заштита од болести и штетници.
Особено е важно земјоделците да внимаваат на појавата на болести кои можат да се развијат поради високата релативна влажност, особено во зоната на растенијата.
Внимание на интензитетот на врнежите
Минатата недела, државата беше зафатена од циклонален продор со променливо време и врнежи, вклучително и пороен дожд, изолирана појава на град и грмежи. „За земјоделското производство е важен не само количеството, туку и интензитетот на дождот“, појаснуваат од УХМР. Додека ситниот и рамномерен дожд ја одржува почвата во добра состојба, поројните врнежи можат да предизвикаат ерозија, поплави и оштетувања на посевите.
Прогноза: Студена воздушна маса од север
Според најновите прогнози, до утре се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела, поради продорот на студен воздух од север, ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места се очекува и снег. Температурите ќе опаднат значително, што го зголемува ризикот од мраз и измрзнување на земјоделските култури.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог