Гостивар
Тепачка меѓу млади во Требиште и семејно насилство во гостиварско

СВР Тетово информира дека половина час после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека во Требиште бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Требиште, Р.А.(18) од Италија со престој во Велебрдо и И.А.(22) од Италија, со престој во Аџиевци, при што И.А. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во Медицински центар во Гостивар. Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Вчера пак, во 20.55 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Е.А.(32) од гостиварско село. Тој бил пријавен од неговата 35-годишна сопруга дека физички ја нападнал и ѝ ги одзел парите. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во полициското известие.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос