Поврзи се со нас

Гостивар

Тепани и малтретирани: 24 жртви на семејно насилство во Гостивар

Објавено

на

Минатата година на подрачјето на Гостивар регистрирани се 24 кривични дела поврзани со семејно насилство. На жртвите им биле нанесени телесни повреди, кои во некои случаи биле и од потешка природа. Податоците, сами по себе укажуваат на сериозноста на проблемот и потребата од посилна институционална координација за превенција и надминување.

Во анализата наведена во Извештајот на ПС Гостивар за 2018-та година, стои дека во 21 од кривичните случаи, жртви на семејно насилство биле жени. Со насилниците ги врзувале различни релации. Имало: сопруги, мајки, љубовни партнерки, како и баба и снаа. Сите регистрирани кривични дела на семејно насилство, минатата година на гостиварското подрачје биле заокружени со поднесување на кривични пријави против сторителите.

Што се однесува до причините за оваа трауматична појава се потврдуваат искуствата од претходно: дека семејствата кадешто постојат пороци, алкохолизам, злоупотреба на дрога или пак одредени психички болести и растројства, се под поголем ризик од насилство. Она што стручните лица го посочуваат како најтежок проблем во справување со малтретирањето е несигурноста и стравот на жртвата да се оттргне од насилникот, имајќи предвид дека згрижувањето во шелтер центар, не е трајно решение. Тие препорачуваат поголем ангажман на сите релевантни институции во насока на пружање поддршка и помош за осамостојување, економска независност и за социјализација на жртвата.
Освен кривични дела од областа на семејното насилство, во гостиварско годишно се евидентираат и по 20-30 поплаки, кои завршуваат со писмени или усни опомени и предупредувања на сторителите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена