Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 22/04/2019 | 12:29

Тешко повреден гостиварец – истоварал шут и паднал во провалија

Вчера, околу 12.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Горна Баница, Ќ.М.(72) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило, информираат од полицијата.

Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри. Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Напишете коментар