Поврзи се со нас

Гостивар

Тешко повреден пешак ноќеска во Гостивар

Објавено

на

Вчеравечер (16 мај) во 22 часот и 40 минути во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостивар.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена