Вести
Тешко повредени две лица во несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
Ноќеска околу 2 часот по полноќ регистрирана е сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на „тумчевишкиот надвозник“. Две лица со тешки телесни повреди завршиле на скопските клиники.
Според информациите од полицијата, автомобил „БМВ“ што го управувал 25 годишен жител на скопското село Грчец, загубил контрола и излетал во околните ниви, превртувајќи се неколку пати. Во несреќата, освен возачот тешки повреди добила и сопатничката, 29 годишна жителка на Берово. Двајцата, биле згрижени во ургентното одделение на гостиварската болница, по што како итни случаи биле пренесени на скопските клиники.
Увид по овластување на јавен обвинител, извршила екипа на СВР Тетово. Првично, причина за несреќата е неприлагодена брзина, а вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград