Поврзи се со нас

Гостивар

Тешко повредено дете, го удрило возило на крстосница во Гостивар

Објавено

на

Петгодишно дете завршило со тешки повреди во несреќа која се случила вчера во Гостивар. Како што информира СВР Тетово, во 18 часот и 10 минути било пријавено дека на крстосницата на улиците „18 Ноември“ и „Београдска“ во Гостивар, патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од косовскиот државјанин со престој во Гостивар Е.Х.(25 годишен), удрило во малолетен пешак од Гостивар.

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.“, извести полицијата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена