Поврзи се со нас

Гостивар

Тетовско и денес со нови позитивни на коронавирус, Гостивар официјално без заболени

Објавено

на

Во тетовскиот регион продолжува да расте бројот на позитивни на коронавирус. И денес се регистрирани нови случаи. Во Гостивар нема потврдени новозаболени, а во официјалната статистика е внесен како оздравен последниот пациент, што значи актуелно Гостивар е без позитивни на Ковид 19. Во тетовско вкупно има над 70 активни болни.

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. По региони се од: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.

Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти:

– Скопје 8
– Прилеп 2
– Струга 2
– Велес 2
– Гостивар 1
– Кратово 1

МЗ информира за едно починато лица, во ГОБ „8 септември“ пациентка од Скопје (79 години), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена