Спорт
Тежок пораз на КК Гостивар, но и мајсторка во „Младост“- Работнички израмни на 1-1

И понатака останува празно местото во полуфиналето кое треба да се пополни со една од екипите на Работнички и КК Гостивар, откако попладнево во Скопје домаќинот израмни на 1-1, добивајќи го вториот натпревар од плеј-офот 80-53.
Патникот од оваа двојка помеѓу четирите најдобри екипи ќе се одлучува со мајсторка во Гостивар.
Лошо го отворија натпреварот кошаркарите на Гостивар, дозволувајќи му на Работнички да поведе 15-2, по што беа приморани да бркаат двоцифрена негатива, игра која домаќинот максимално ја користеше. Првиот дел го одбележа и крајно лошиот шут за три на гостите, не постигнувајќи ниту една тројка од 12 обиди. На паузата се замина со резултат 43-21.
И во вториот дел продолжи катастрофалната игра на гостите од Гостивар, Работнички во третиот период стигна до највисоки 28 поени предност. Немаше ниеден расположен играч во гостинскиот табор, првата тројка гостиварци ја постигнаа на 5 минути пред крајот после 21 обид. Работнички славеше со конечни 80-53
Ѓорѓе Џелетовиќ беше најефикасен на натпреварот со 18 поени, Митевски се издвои кај Гостивар со 15 поени.
Последниот трет натпревар се игра во недела во Гостивар.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение