Македонија
„Тигрите“ добија вагони за обука за решавање кризна ситуација
Денес во касарната „Илинден” во Скопје се одржа Оперативно-тактичка вежба на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” насловена „ПЕРОН 192”, по повод презентација на новиот полигон за обука, во рамки на стрелиштето во касарната, кое претставува и база за подготовки на „тигрите“.
На настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и заменик-директорот на БЈБ, Ариф Асани.
„Имајќи го предвид значењето што го имаат специјалните единици на МВР во системот за безбедност на Република Северна Македонија, нивна заедничка карактеристика е потребата од специфични полигони за обука и вежби.
Откако пред година и половина беше оспособен просторот за реализација на модерното стрелиште за гаѓање, како дел од полигонот за урбана борба, во чиј состав влегува Куќата за гаѓање и автобусот за вежби, после 41 година се наметна потребата од доопремување на полигонот за работа на тубуларни системи со елементот за обука и вежба за решавање на кризна ситуација во воз. За таа цел, по примерот на европските полиции, беше неопходно да бидат поставени вагони кои би ја доловиле ситуацијата што поблиску до реалноста, а со чија помош припадниците на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР ќе можат практично да вежбаат за вакви ситуации.“, соопшти МВР.
Министерот Спасовски врачи плакета за долгогодишен особен придонес во промоцијата на професионализмот во Министерството за внатрешни работи на началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград