Поврзи се со нас

Технологија

Тик Ток ја тестира опцијата „не ми се допаѓа“ на коментари

Објавено

на

TikTok тестира функција која ќе им овозможи на корисниците да поставуваат ознаки „не ми се допаѓа“ на поединечни коментари и видеа, односно да ги означуваат оние коментари за кои сметаат дека не се соодветни.

Корисниците на TikTok веќе имаат опција за „не ми се допаѓа“ видеото, што му дава до знаење на алгоритмот дека не се заинтересирани за таква содржина. До опцијата за пријавување несоодветна содржина ќе биде достапен „палецот надолу” за коментари.

Компанијата исто така објави дека експериментира со испраќање потсетници за функции како филтрирање коментари и групно блокирање до креаторите кои добиваат голем број негативни коментари. Одлуките за тоа дали функцијата да биде достапна за сите ќе бидат донесени во текот на следните неколку недели.

Во неодамнешниот извештај, TikTok објави дека избришал 85 милиони видеа помеѓу октомври и декември минатата година, односно околу 1 процент од сите видеа на платформата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена