Здравје и убавина
Тиквичка – зеленчук кој не прави поздрави

Тиквичката е едногодишно растение и еден од видовите на тикви кои успеваат на нашите простори. Највкусни се плодовите со должина од околу 15 сантиметри. За да успеат потребна им е температура над 10 целзиусови степени и често наводнување. Тоа што ја прави поразлична од вообичаените тикви е издолженоста на плодот и светло зелената боја на нежната кора. Таа е многу нежно, но извонредно корисно растение.
Што содржи?
- Витамини: А, Б2, Ц, фолна киселна, К;
- Минерали: манган, магнезиум, калиум, фосфор, бакар, железо и цинк;
- 3,3 % јагленохидрати;
- 1% растителни белковини;
- 0,3 % масти;
- 17 калории на 100 грама;
- Големо количество на вода;
- Растителни влакна.
За што се користи?
Овој богат состав на благотворни материи има позитивно влијание врз срцето и крвните садови, покачениот холестерол и триглицериди во крвта, како и кај лицата со дијабетес. Големото количество на вода ја става во групата на најважни диуретици, која помага за исфрлување на непотребните течности од организмот.
Растителните влакна кои ги има во голема количина, најмногу во кората, ја намалуваат ресорпцијата на масти во организмот, поради што често се применува во диети, а особено е значајна за лица со покачен холестерол и триглицериди во крвта.
Покрај мастите, тиквичката ги регулира и шеќерот, крвниот притисок, ресорпцијата на гликоза; делува превентивно на појавата на атеросклероза и срцев удар.
Начин на употреба
Иако многумина ја конзумираат пржена, тиквичката треба да се конзумира варена, по можност без да се излупи кората. Така ќе ги задржите нејзините благотворни состојки, особено растителните влакна кои најмногу ги има во кората.
Тиквичката не смее да се чува повеќе од 48 часа во фрижидер, бидејќи ги губи своите хранливи вредности.
Сокот од тиквичката се користи како ефикасен лек за превенција и борба со канцерогените заболувања поради присуството на фитонутритиенти.
За оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина и да постигнат добра форма на своето тело, тиквичката е одличен избор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?