Гостивар
Тим од економското училиште од Гостивар во Турција по нови знаења и искуства
Средношколци и професори од гостиварското економско училиште се на еднонеделен престој во Едрине, Турција кадешто учествуваат во разни активности, ги надополнуваат знаењата, се стекнуваат со нови, разменуваат искуства и имаат можност да се запознаат со знаменитостите на градот. Нивен домаќин е училиштето “Емел Озгур Субашај”, со кое економското е збратимено и соработува подолго време.
„Во тимот кој е во посета на збратименото училиште се нашите ученици: Џезира, Климентина, Џемаил, Гонџе, Шадије, Лиридон, Онур, Емрије и Елзана, заедно со нивните ментори, професорите: Татјана Карафиловска, Абил Идризи и Икај Јусуф. Ученици ќе бидат дел и од наставниот процес во труското училиште, ќе се вклучат во следењето на часови, ќе разменат знаења и искуства, а исто така ќе го посетат градот Едрине и неговите културно-историски споменици, ќе се дружат со тамошните врсници и ќе уживаат во убавините на Турција.“, информираат од училиштето.
Збратимувањето на училиштата беше официјализирано лани со потпишување на Меморандум и предвидува тригодишно партнерство. Меѓу другото планирани се студиски посети, конференции, работилници и слично. Во целите на збратимувањето, меѓу другото стои и стекнување на вештини за англиски јазик, со оглед дека меѓусебните комуникации се одвиваат на англиски, потоа развивање на меѓународна перспектива во рамки на училиштето, поттикување на учениците во граѓани кои ќе бидат глобално ангажирани, почитување на различности, како и обезбедување на поддршка за ученици преку спонзорство и стипендирање.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар