Поврзи се со нас

Гостивар

Тим од економското училиште од Гостивар во Турција по нови знаења и искуства

Објавено

на

Средношколци и професори од гостиварското економско училиште се на еднонеделен престој во Едрине, Турција кадешто учествуваат во разни активности, ги надополнуваат знаењата, се стекнуваат со нови, разменуваат искуства и имаат можност да се запознаат со знаменитостите на градот. Нивен домаќин е училиштето “Емел Озгур Субашај”, со кое економското е збратимено и соработува подолго време.

„Во тимот кој е во посета на збратименото училиште се нашите ученици: Џезира, Климентина, Џемаил, Гонџе, Шадије, Лиридон, Онур, Емрије и Елзана, заедно со нивните ментори, професорите: Татјана Карафиловска, Абил Идризи и Икај Јусуф. Ученици ќе бидат дел и од наставниот процес во труското училиште, ќе се вклучат во следењето на часови, ќе разменат знаења и искуства, а исто така ќе го посетат градот Едрине и неговите културно-историски споменици, ќе се дружат со тамошните врсници и ќе уживаат во убавините на Турција.“, информираат од училиштето.

Збратимувањето на училиштата беше официјализирано лани со потпишување на Меморандум и предвидува  тригодишно партнерство. Меѓу другото планирани се студиски посети, конференции, работилници и слично. Во целите на збратимувањето, меѓу другото стои и стекнување на вештини за англиски јазик, со оглед дека меѓусебните комуникации се одвиваат на англиски, потоа развивање на меѓународна перспектива во рамки на училиштето, поттикување на учениците во граѓани кои ќе бидат глобално ангажирани, почитување на различности, како и обезбедување на поддршка за ученици преку спонзорство и стипендирање.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена