Поврзи се со нас

Гостивар

Тимоние во Гостивар: Проблемите во образованието мора да се надминат со разбирање за доброто на децата

Објавено

на

Состојбите во образованието во Гостивар и реализација на проекти во училиштата со француска поддршка, беа главните теми за кои денес разговараа градоначалникот Арбен Таравари и Францускиот Амбасадор, Кристијан Тимоние кој беше во официјална посета на општината.

Амбасадорот нагласи дека недоразбирањата кои постојат меѓу локалната и централната власт во сферата на образованието, мора да се надминат за доброто на децата и за напредок на градот.

„Гостивар е град кој може да служи како пример за соживотот, град на кој сакаме да му помогнеме и соработуваме. Се надевамe дека тешкотиите и недоразбирањата кои општината и Министерството за образование ги имаат, ќе се надминат во духот на добрата соработка и за општото добро на децата. За да има инвестиции во овој град треба да има добра релација меѓу централната и локалната власт. Ние ја даваме нашата поддршка во тој правец и планираме некои проекти во областа на образованието во Гостивар. Вие чекорите кон Европа и треба да дадете пример за добра соработка како меѓу заедниците, така и меѓу политичкитe партии. И во Европа може да се јават  несогласувања, но тие мора да се решаваат со компромис. Се надевам дека Гостивар ќе чекори кон вистинскиот пат, бидејќи има енергија. Ја користам оваа прилика и да му се заблагодарам за градоначалникот за поддршката што ја дава за франкофонијата.“, изјави Тимоние.

Таравари рече дека со голема чест, по втор пат го пречекува францускиот Амбасадор и дека помошта и поддршката од Франција се добредојдени.

„Со Амбасадорот остваривме и посебна средба со Секторот за образование, го запознавме со одземањето на надлежностите, нешто што само на Општина Гостивар и се случило во 30 годишната историја на земјава, два пати да се одземат ингеренции, тоа го немаше ни во времето на Груевски. Што се однесува до обезбедување на поддршка од Франција, се обврзавме да подготвиме добри проекти со кои ќе може да конкурираме и кои во фокусот би ја имале животната средина, училиштата и слично“, изјави градоначалникот.

По официјалната средба во општината, Амбасадорот со својот домаќин прошета низ Гостивар, за да се запознае со културно-историските обележја на градот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена