Гостивар
Тимот на „Апаш Маало“ најдобар на Турнирот во чест на д-р Трајче Нешковски
Заврши вториот меморијален турнир во мал фубал, што се одржа денес во Гостивар, во чест на д-р Трајче Нешковски, победата после изведување на пенали ја понесе екипата на „Апаш Маало“, во финалето, тие ја совладаа екипата на СДСМ Централа.
Во полуфиналето Апаш Маало беа подобри од ЛК СДММ Гостивар, а СДСМ Централа ја совладаа екипата на Клиника, која го освои третото место.
Пехарите на прво, второ и третопласираните им ги додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.
Со доделување на пехарите и благодарници за поддржувачите, попладнево се заокружи вториот Меморијалниот турнир, со кој се слави животот и делото на прерано починатиот доктор од Гостивар Трајче Нешковски.
„Од север до југ, од исток до запад, само Трајче може на едно место во исто време да собере вакви луѓе, како денес. Трајко, како што ние го викавме и уште го викаме, имаше една таква гравитациона сила со која може да собере двајца, тројца од сто луѓе кои не се познаваат и да ги направи поблиски од семејство. Како негов брат, другар, соработник може да кажам дека беше голем борец, во политиката, во животот, на работното место се бореше за животи. Тоа се примери кои ние сите треба да ги следиме. Кога велиме „Секогаш ќе живее во нас“, тоа значи да се дружиш, да сакаш, да се бориш во секој аспект на животот“, рече Стефан Богоев, на отоворањето на настанот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар