Гостивар
Тимот на ЕБР првопласиран на Турнирот во чест на д-р Трајче Нешковски
На првиот Меморијален турнир во мал фудбал што се одржа денес во Гостивар, во чест на д-р Трајче Нешковски, победата ја понесе екипата на ЕБР. Во финалето, тие ја совладаа екипата на СДММ. Пехарите на прво и второпласираните им ги додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.
Со доделување на пехарите и благодарници за поддржувачите, попладнево се заокружи Меморијалниот турнир, со кој се слави животот и делото на прерано починатиот доктор од Гостивар Трајче Нешковски.
„Сите знаеме кој беше доктор Трајче Нешковски, секој збор што ќе го кажеме е мал за толку голема личност како него. Преку овој турнир сакаме да му оддадеме неизмерна почит затоа што беше пред се‘ голем човек, пријател, хуман и посветен на својата професија, за сите заложби како доктор и професионалец“, рече на отворањето на настанот, Предраг Крстовски, кој заедно со Будимир Тримчевиќ се иницијатори на Меморијалниот турнир.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија