Вести
Тимот од економското училиште со прво место на Противпожарен квиз натпревар
Средношколците од гостиварското економско училиште се покажаа како најдобри во категоријата јуниори на Регионалниот противпожарен квиз натпревар, што се одржа пред неколку дена во Кичево. Тимот од економско го сочинуваа: Симона Дрецкоска, Марија Петроска и Симеона Стефаноска со својот ментор Михајло Ѓиноски и со поддршка од претседателот на противпожарниот сојуз на Гостивар Витомир Ефтоски.
„Многу сме задоволни и горди на постигнатиот успех. Во наредниот период ќе се посветиме на подготовка за државниот противпожарен натпревар, за кој се квалификувавме благодарение на освоеното прво место на регионалниот“, велат учениците.
Квизот во Кичево беше 33-ти по ред од ваков вид. Натпреварувањата ги организира Противпожарниот сојуз на Македонија со цел младите да ги покажат своите знаења стекнати од областа на противпожарната заштита. Гостиварските економисти го освоија првото место во конкуренција на екипи од Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево и Струга.
Републичкиот натпревар ќе се одржи во Куманово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија