Поврзи се со нас

Рецепти

Тирамису – кремаст десерт готов за 15 минути

Објавено

на

Тирамису е еден од најпопуларните италијански десерти, а според многумина и најубав. Ви пренесуваме рецепт за брза верзија на овој кремаст десерт.

Според оригиналниот рецепт, популарното тирамису не може да се направи без свежи јајца. Жолчките се разработуваат со шеќер и се мешаат со маскарпоне (вид италијанско сирење) во кое потоа ги додаваме белките.

Но во меѓувреме се појави и наједноставната верзија на овој популарен десерт во која воопшто нема јајца, а во маскарпонето се додава само изматена слатка павлака што го прави десертот уште покремаст. Ви го претставуваме наједноставниот рецепт за „лажно“ тирамису подолу.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 гр бисквити (пишкоти)

250 гр маскарпоне

3 дл слатка павлака

50 гр шеќер во прав

2 дл црно кафе

1 дл рум

какао

ПОДГОТОВКА:

Со миксер се матат маскарпонето и шеќерот во прав додека не се добие фина кремаста смеса. Слатката павлака се мати во цврст шлаг кој потоа лесно се меша во маскарпонето. Кафето и румот се ставаат во длабока чинија или сад. Бисквитите (пишкотите) се потопуваат во смесата со кафе и рум и се ставаат на дното на четвртаст калап. Кога ќе го покриете дното на садот со бисквитите, врз нив ставете половина од подготвеното маскарпоне и шлагот. Во калапот се редат вториот ред бисквити, се прелева со остатокот од кремот и по потреба лесно се рамни со шпатула или лажица. Тирамисуто обилно посипете го со какао во прав и оставете го во фрижидер најмалку 4 до 5 часа, а најдобро би било да отстои преку ноќ.

На нетрпеливите може да им се послужи десерт штом малку ќе се излади, но имајте на ум дека не може да се исцеди за толку кратко време за да не можете да го исечете на убави коцки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена