Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Тишината – лек на денешницата, кој ни е потребен на сите

Објавено

на

Во нашиот брз живот, деновите и годините поминуваат, а ние не обрнуваме внимание на фактот колку е загаден нашиот мозок, поради се што се случува околу нас. Тука е и звукот кој претерано го стимулира нашиот мозок, предизвикува стрес, нерасположеност, депресија и анксиозност помеѓу другото. Програмирани сме да слушаме звуци од секојдневието без да ги забележуваме. Ние воопшто не сфаќаме што оваа прекумерна стимулација му прави на нашиот мозок.

Научните истражувања покажуваат дека звуците предизвикуваат повеќе штета отколку што сфаќаме, пишува списанието The minds journal. Дали штетата може да се поправи? Да. Научните студии покажуваат дека тишината има моќ да ги поправа работите, а ова е начинот на кој тоа се прави:

1. Тишината не смирува

Доколку сами на себе би можеле да си приуштиме еден или два часа тишина секој ден, би направиле нешто доста здраво за нашиот ум и тело. Во тишина, нашиот мозок почнува да се прилагодува на помирна состојба и тогаш се чувствуваме опуштено и мирно.

Ние го регулираме дишењето со успорување на нашиот мозок, наместо да се фокусираме на стресните настани. Може дури да се чувствуваме поспано. Замислете дека не мора да гледате ТВ или да немате мобилен телефон. Дајте си на себе малку време далеку од технологијата, во контакт со самите себе. Тоа ви го дава тишината.

2. Тишината ги поправа нашите мозочни клетки

Докажан е фактот дека тишината може да ги корегира нашите мозочни клетки. Доколку поминеме 2 часа во тишина, нашиот мозок отпочнува процес на поправање. Така ќе ни се подобри меморијата, ќе бидеме одморени и нашата толеранција на стрес ќе се подобри.

Силен мозок значи силно тело. Се започнува од тие мали сиви клетки. Тие реагираат на она на што ние ќе ги изложиме.

3. Тишината долгорочно ни дава повеќе задоволства

Современиот начин на живот не прави зависни од технологијата, и не е лесно тоа да се избегне. Размислете каков би бил вашиот живот без ТВ. Со намалување на слични работи, ќе пронајдете подобри начини на кои можете да го поминете времето. Задоволството доаѓа кога ќе ги отфрлите лошите навики и ги замените со подобри. Загарантирано таквиот начин на живот ќе ви се допадне повеќе.

4. Тишината го подобрува нашето внимание

Додека седиме мирно, му го даваме на нашиот мозок она што му е потребно, а тоа е фокусот. Фокусот не значи размислување на нешто конкретно, и не е вид на фокус кој се трудиме да го постигнеме за време на медитација. Тоа е фокус, каде на вашиот ум му е дозволено да скита од мисла до мисла.

Во пракса се забележува, намерно или ненамерно, дека вашето темпо се забавува, а тоа добро се одразува на вашиот мозок. Ја подобрува концентрацијата, способноста за учење и помнењето.

5. Тишината го забавува нашето брзо темпо

Во нашиот живот често сме презафатени со работа, семејни проблеми, проблеми кои ни ги предизвикуваат другите и слично. Живееме во брзање, а животот ни поминува. Треба за забавиме и да го вкусиме секој сегашен момент. Тишината ни помага во тоа. Таа не опушта и го смирува нашето тело. Стануваме свесни за сегашниот момент, и не учи да ја цениме сегашноста.

Во соработка со: Енаука.мк

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 3 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 4 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 5 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена