Поврзи се со нас

Занимливости

Топ-листа од најпреценети градови во светот

Објавено

на

Британската интернет-страница „Кингказинобонус“ (kingcasinobonus), анализирајќи прегледи на посетители и оценките нивни за најпопуларните туристички дестинации, состави листа од најпреценетите градови во светот.

Така, на првите три места се Бангкок, Анталија и Сингапур. Според наводите, градовите од списокот се подредени преку сеопфатна анализа користејќи повеќе страници за туристички коментари, како што е „Трипедвајзор“ (TripAdvisor) и повеќе други. Истражувањето опфатило десетици илјади оценки за 85-те најпопуларни градови во светот.

Секако, клучни зборови и изрази се „многу разочарувачки“, „не толку убаво како што се очекуваше“ и слично.

Тоа ќе рече, од Бангкок 16,6 отсто од посетителите се разочарани, а „Кингказинобонус“ наведува: „Истражувањето на нашите аналитичари открива дека скоро 17 отсто од посетителите на Бангкок го напуштаат градот разочарани и со впечаток дека главниот град на Тајланд е грубо прескап.”

Нам релативно блиската Анталија во Турција, е на второто место.

„Дали вреди да се посети Анталија, ако веќе сте во близина на популарните одморалишта во провинцијата Анталија? Ако ги прашате луѓето кои веќе патувале, одговорот е – не. Повеќе туристи кои го посетиле градот го опишаа како тривијален и без никакви атракции вредни за спомнување”, се вели во анализата.

Следи Сингапур, а во топ-10 списокот најпреценети градови се и Минхен, Римини, Мајами, Мумбај, Лондон, Париз, Токио. Во вкупната листа од 85 градови, од регионов Љубљана е 17-та, Загреб – 25-ти, а Белград е на 32. место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена