Вести Гостивар
ТОПЛОТЕН БРАН утре и во сабота! Бегајте под сенка или седете во климатизирани простории

Според метеоролошките прогнози, во целата земја за време на продолжениот празничен викенд ќе има топлотен бран со многу високи температури. Изразено топло време посебно ќе има во петок и сабота (2 и 3 август), со температури до 41 степен.
Лекарите препорачуваат внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Во текот на ваквите екстремно топли денови, пожелно е да се престојува во затворени простории, пред сè климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.
Со оглед на празничниот продолжен викенд и зголемената посетеност на шумите и излетничките места, ДЗС апелира до локалната самоуправа и граѓаните да внимаваат кога се на отворено:
-да не се фрлаат цигари и догорчиња;
-да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;
-да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;
-да не се пали отпад и друг горлив материјал;
-да не се палат стрништа и меѓи.
-ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја