Поврзи се со нас

Македонија

Топлотниот бран е стрес за животните! Како да ги заштитите своите миленичиња?

Објавено

на

Со оглед на тропските температури кои владеат деновиве, Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со препораки за заштита на домашните миленичиња и другите животни. Порастот на температурите над 30 степени целзиусови за секое животно претставува голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.
Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Во двата случаи исходот може да биде фатален доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.
Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција, потенцираат надлежните советувајќи
во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.

Сопствениците на домашни миленици мора да се придржуваат на неколку правила како би спречиле несакани последици од топлотен удар:

Милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце, да се избегнуваат прошетки на домашните миленици во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода, да се обезбеди престој во проветрени простории.

За да се обезбедат соодветни услови за животните при високи температури потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има настрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерните часови, периоди кога треба да се организира транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски, препорачуваат од АХВ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 12 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 14 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 14 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 17 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 18 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 20 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 21 час

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 23 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 23 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена