Вести
Топлото време го зголемува ризикот од пожари
Зголемувањето на температурите и почестото присуство на поединци низ полето и шумите, го зголемува ризикот од избувнување пожари на отворено. Овој период вообичаено во шумските предели има поголема раздвиженост од излетници, собирачи на шумски плодови, дрвосечачи и други лица. За да се избегнат опасностите неопходна е голема внимателност, предупредуваат одговорните институции.
Секторот за внатрешни работи уште еднаш апелира до гостиварци кога работат или се движат во полето и шумите, да не палат огнови, да не фрлаат отпушоци, неизгаснати догорчиња или други лесно запаливи материи, бидејќи од една мала искра може да пламне пожар.
„Предизвикувањето на пожар од невнимание или намерно, претставува кривично дело за кое, зависно од местото, размерот и крајните последици, предвидена е и затворска казна од осум до десет години“, потсетуваат од полицијата. Во овој критичен период во координација со другите надлежни институции најавени се повеќе превентивни и други мерки и активности за навреме да се пресретнат можните причини за избувнување на пожари на отворено.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди