Гостивар
Топол дом за сите-DAVA Гостивар донира дрва за огрев на сиромашни и згрижува бездомници

Зимата и трошоците за затоплување на домот се неиздржлив удар за социјално загрозените семејства. Хуманитарната организација Дава од Гостивар излегува во пресрет и обезбедува дрва за огрев на семејства, кои не можат сами да си ги купат. Иста акција спроведоа и минатата зима. Велат, никој не треба да биде оставен без основни услови и во студ.
„Сите загрозени семејства и поединци, што имаат потреба од дрва за огрев, може да ни се обратат за помош. Без разлика на нација и религија. Секако, откако ќе побараат, најпрво одиме во посета кај нив, разговараме, ја проверуваме состојбата, дали е таква каква што ни ја кажуваат. Доколку навистина се работи за сиромашни луѓе, им донираме дрва за огрев. Никој не треба да биде оставен без основни услови и во студен дом“, вели Муса Хусеин, претседател на DAVA
Освен ова, организацијата обезбедува живеалиште за бездомници, или лица кои поради семејни проблеми, насилство не можат да престојуваат во своите домови. Моментално згрижени се шест мажи. Од Дава посочуваат позитивни примери, од нивни корисници на помош на кои им била најдена работа, па сега се враќаат во организацијата да помагаат како волонтери.
„За лицата кои ги засолнуваме, ги покриваме сите трошоци, за облека, храна и други основни потреби. Многу од нив кога ќе застанат на свои нозе и добијат работа, се враќаат и волонтираат кај нас. Убаво е да се види дека освен давање на помош, поттикнуваме кај луѓето да се развива хуманост и солидарност.“, вели Хусеин.
Преку организацијата до сега работа им била најдена на стотина лица.
Дава има своја народна кујна во која дневно се подготвуваат оброци за над 300 сиромашни семејства на подрачјето на Гостивар, кои потоа им се доставуваат до домовите. Пакети со намирници пак, секој ден подготвуваат за 78 домаќинства. Организацијата се наоѓа на ул „Светозар Пепоски“ до зградата на „Комуналец“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава