Рецепти
Торта со палачинки, хит десерт за слатко задоволство

Кога ќе се спојат два омилени десерти во еден рецепт, неизбежно е да се добие неодолив сладок залак. Тортата со палачинки стана хит на социјалните мрежи, па ако досега не сте ја подготвиле, време е да го направите тоа.
Состојки:
180 гр остро брашно
2 лажици какао во прав
прстофат сол
3 лажици шеќер
3 јајца
250 мл млеко
150 мл вода
лажица мед
масло
Подготовка:
Во сад се ставаат брашното, какаото, прстофат сол и шеќер и сето убаво се меша. Потоа се додаваат 3 јајца, постепено се прелива млекото додека се меша, па се додава водата и се меша додека не се добие мазно тесто. Процедете го тестото за палачинки низ ситно сито за да ги отстраните сите грутки.
Додадете мед во тестото и оставете го да отстои 20 минути. Потоа во тестото ставете масло.
Намачкајте ја тавата за пржење со масло и пржете ги палачинките од двете страни на среден оган. Треба да излезат околу 15 палачинки.
За филот
Состојки:
250 гр крем сирење
2 лажици шеќер во прав
150 гр. павлака – полномасна
250 гр. слатка павлака
лажица мед
2 лаќици какао
Постапка:
- За филот убаво измешајте ги крем сирењето, 1 лажица шеќер во прав и павлаката. Во друг сад изматете ја слатката павлака, 1 лажица шеќер во прав и 2 лажици какао. Откако убаво ќе ги изматите соединете ги смесите во фил.
- Секоја палачинка се премачкува со фил и се редат во калап за округла торта. При тоа убаво притискајте ги една врз друга. На крај целата торта се премачкува со преостанатиот фил.
- Кога ќе завршите со постапката покријате ја тортата со фолија и оставете ја во фрижидер да се стегне 8-10 часа. Може да се декорира со чоколаден прелив, некое овошје или шеќер во прав.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог