Македонија
Тошковски апелира граѓаните да ги променат старите возачки дозволи

Сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истата, апелираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, потсетувајќи дека старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година.
„Досега се издадени 750 000 возачки дозволи со новото уставно име. Потребно е да се издаде уште одредена бројка да се стигне до милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година“, рече Тошковски по денешната посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.
Министерот информираше и дека издавањето на лични документи е вратено во нормала.
„Од оваа недела натаму секој граѓанин кој што ќе поднесе барање за да се стекне со нова патна исправа, возачка дозвола, лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена“, посочи тој.
На прашањето дали ќе се зголемат капацитетите од аспект на машини за изработка доколку во иднина настане слична ситуација, тој одговори дека работат на трајно решавање на проблемот.
„За разлика од тие претходно, ние решаваме проблеми и гледаме колку што е можно да ја поедноставиме целата постапка, не само во однос на лични документи, туку во однос на секое право кое што има да го стекне македонскиот граѓанин. Во иднина ќе се фокусираме на развластување од аспект на дискрециони права, сето она што го говориме за дигитализација во рамки на работењето на МВР ќе биде насочено исклучиво во таа насока“, рече Тошковски.
Дополни дека пунктот „Пролет“ ќе се користи одреден временски период потребен за реновирање на просториите во Македонската радио телевизија кое, како што рече, ќе започне за месец и половина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог