Македонија
Тошковски: Истрагата за пожарот во „Пулс“ ќе се прошири доколку има докази за инволвираност на други лица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се прошири ако се обезбедат докази за инволвираност на други лица во случајот.
„Апсолутно ќе се шири оваа бројка доколку се обезбедат докази за оние кои имаат директна или индиректна инволвираност во кривично-правниот настан“, изјави Тошковски на прес-конференцијата во Министерството за внатрешни работи.
Тој нагласи дека досегашните дејствија на МВР се преземени во рамките на законските овластувања и професионално, без разлика на политичка или друга припадност.
„Дејствијата што ги преземаме по насока на Јавното обвинителство се професионални. Очигледно е дека сето она што го имаме преземено е во рамки на нашите овластувања. Нема тука поделби на наши-ваши. Мора да почитуваме процес на правда и да ја работиме истрагата темелно и посветено“, потенцираше министерот.
Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднел оставка од морални причини, Тошковски нагласи дека постапките на МВР се засноваат исклучиво на докази.
„Апсолутно не се работи за оправдување на блиски лица. Преземавме конкретни чекори согласно доказите што ги имаме. Кога има основи на сомнение, поднесуваме кривична пријава, а кога ќе се утврди основано сомнение, следува обвинение“, истакна Тошковски.
Министерот најави дека се проверува и дали во изминатите две години биле вршени контроли во дискотеката.
Во врска со истрагата, Тошковски информираше дека е завршена првата фаза во координација со Јавното обвинителство. Поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.
Кочанското обвинителство отвори истрага за 34 лица, меѓу кои седум полицајци и три правни лица. Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ однесе 59 животи, а повеќе од 160 лица се повредени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести