Македонија
Тошковски: МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога
- Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво. Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло, објави Тошковски на својот Фејсбук профил.
На оперативно ниво, нагласува Тошковски, дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира.
- Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци, вели Тошковски.
Тошковски, исто така, потенцира дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. – Законот мора да важи еднакво за сите, порачува Тошковски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос