Поврзи се со нас

Македонија

Тошковски: Решението на проблемот со личните документи е измена на два закона

Објавено

на

Ако има политичка волја за еден ден ќе се реши проблемот со личните документи, вели техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Решението, според Тошковски, е измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот.

„Спремно ми е. Едниот Предлог на закон за измени на Закон за патни исправи на државјаните, еве го спремен е. Еве го другиот. Предлог на закон за изменување на Закон за безбедност во сообраќајот и патиштата. Еве ги спремни се, за еден ден. Решение има, само треба да имаат политичка волја“, изјави Тошковски во интервју на телевизија Канал 5.

МВР вчера соопшти дека од 13 февруари годинава важат само пасошите и возачките дозволи со новото име.

„Ги замолувам граѓаните кои немаат патна исправа со новото име да не се упатуваат кон граница, заради тоа што службениците ќе мора да постапат по закон и ќе мора да ги вратат назад. Второ, согласно Законот за безбедност во сообраќајот од 13.02.2024 година, возачките дозволи кои што се со старото име повеќе нема да важат, нити за внатрешна, нити за надворешна употреба“, изјави Тошковски.

Граѓаните со возачки дозволи со старото име, Тошковски ги повика, да не управуваат моторни возила.

„Да не управуваат ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија. Не дека МВР ќе казнувало, тоа не е суштината. Суштината е дека ако се случи некоја сообраќајна несреќа осигурителните компании ќе имаат право на регрес, само заради основот што возачката дозвола повеќе е не важечка“, рече Тошковски.

Тошковски информира дека со лична карта со старото име ќе може да се излезе кон Србија, Албанија и Косово, но не може да гарантира дека пограничните власти во тие земји ќе ги пропуштат граѓаните.

Она што го предлага, според Тошковски е согласно сите меѓународни акти кои ги гарантираат основните човекови прави.

„Со тоа што ќе забраниме излез на македонските граѓани го кршиме основното човеково право на движење… државата ќе треба да плати надомест за штета на секој еден граѓанин, на кој ќе му оневозможи да излезе од државата, а е со валидна патна исправа од аспект на втиснат датум, со старо име. Тоа го имаме од една страна, а од друга страна, нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Република Македонија. Во секој случај само може да ја исполниме суштината на истиот, а во никој случај да ги прекршиме техничките рокови“, посочи Тошковски.

Со меѓународен билатерален договор, според Тошковски, не смее да се кршат човекови права и, како што посочи, ова е резултат на незнаење и неодговорност на властите. 

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Вестипред 7 часа

Рекордно ниска површина под мраз на морето околу Антарктикот

Гостиварпред 8 часа

Расправија за паркинг во Гостивар завршила со напад

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

ДИК ги усвои Кодексот и Упатството за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Гостиварпред 10 часа

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 11 часа

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Утре почнува јавниот увид во Избирачкиот список

Видео емисиипред 13 часа

Фејзи и Ѓурчиновска: Поголема поддршка, обуки и информираност за руралните жени!

Вестипред 14 часа

Одржан молебен на гробот на Св. Кирил во Рим

Македонијапред 16 часа

Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

Гостиварпред 1 недела

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 3 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 3 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена