Срамен пораз приредија кошаркарите на КК Гостивар, на денешниот натпревар против ТФТ во Скопје, дебитантот во Првата лига до доби натпреварот 81-73, по четвртини (18:18, 21:18, 16:22, 26:15)
Младите и храбри играчи на ТФТ им одржаа бесплатен час по кошарка, на една од најскапите екипи во Првата македонска лига, иако имаат само 5 натпревари во овој ранг на натпреварување, надигрувајќи ги гостите во секој сегмент од кошаркарската игра, од водење на топка, квалитетна одбрана, преку брзи транзиции до неколку атрактивни забивања. Гостиварци беа само добар спаринг партнер на теренот, нити големите кошаркарски имиња, нити скапите засилувања немаа одговор на играта на скромната кошаркарска екипа од Тафталиџе.
Александар Тодоровиќ беше единствен играч кај гостите кој се трудеше да ја одбрани честа и се оправда фаворитската улога на гостите од Гостивар, но отсутноста на остатокот од екипата не му дозволи во таа намера, тој со 2о поени беше најефикасен поединец на теренот. Кај домаќините Харис и Хортон постигнаа по 19 поени.
Со овој натпревар зарвшува есенскиот дел од сезоната за овие две екипи, вториот дел треба да започне на 13 јануари. КК Гостивар го завршува првиот дел од сезоната со 3 победи и 3 порази.