Гостивар
Традицијата на Света Марина во Зубовце: Празнува цело Зубовце, празнува секоја македонска православна душа во него

Во гостиварско Зубовце денешниот празник Света Марина традиционално масовно се прославува со литургија и црковно-народен собир.
Утрово Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во храмот св. вмч. Марина во селото молитвено присуствуваше на светата литургија, а потоа изврши водосвет и ги благослови кумските лебови.
Во својата беседа Владиката меѓу другото истакна: Денес се наоѓаме во овој наш прекрасен храм, еден од најретките, а можеби и единствен во нашата татковина, кој е посветен на маченичка за верата наша православна, на светата Марина, чиј спомен денес и го празнуваме. Традиционално сите ние сме собрани во овој нејзин храм, овде во Зубовце. Денес празнува цело Зубовце, празнува секоја македонска православна душа во него. Со нас празнуваат и иселените зубовчани. Секоја година од 1859 година, река на народ се движи кон оваа височинка, кон овој свет храм кој со својата убавина и со иконите насликани од нашиот голем зограф Дичо му пркоси на времето и со својата местоположба го привлекува вниманието. Таа небеска убавина и нас денес нѐ собра во овој храм по молитвите на светата Марина, во народот позната и како Марена или Огнена Марија. Ќе ја искористам оваа прилика да се потсетиме на нашата денешна светителка, на нејзиниот свет и праведен живот и на нејзиното несмртно дело пред Христа Спасителот наш, бидејќи на тој начин, освен што ние ќе научиме нешто повеќе за неа, исто така, одгледувајќи се на нејзиниот живот и поучувајќи се од нејзиното животно дело и пример, би напреднале во духовниот живот и така би станале во иднина подобри христијани. Всушност за тоа и служат празниците. Да се потсетиме на светиите или на некој настан од христијанскиот живот, но и да научиме нешто повеќе, нешто што не знаеме и да се потсетиме на тоа што сме го заборавиле. Како и се друго и верата се учи – за да се знае и за да точно се практикува, чиста од секое суеверие, за да ни биде за наше оправдување и спасение. Мило ми е што Вие и денес дојдовте во голем број да се насладите од благодатта на Светиот Дух, кој постојано пребива на ова место, што ја чувате вековната традиција и нашата вера во овие краишта како и во минатото. Радосен сум што на денешниот патронов празник се собра толку народ. Јас знам дека истата радост ја чувствувате и Вие. Радоста во Господа и радоста од Господа не може ништо да ги намали или замени. Таа радост по молитвите на Вашата заштитничка светата маченичка Марина, да Ве прати постојано во Вашиот живот! Голема благодарност до Црковниот одбор, но и до сите Вас мои зубовчани за грижата кон ова светилиште, кое го осветлува патот на сите луѓе со добра волја и со добра мисла. Да живее вечно традицијата и верата православна во Зубовце и во Македонија! Нека е за многу години овој празник!“
На овој значаен празничен ден кој со многу почит и љубов го празнуваат гостиварци и жителите од Зубовце, црковниот одбор и кумовите за сите присутни имаа организирано трпеза на љубовта.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог