Поврзи се со нас

Гостивар

Традиционален фолклорен концерт во Гостивар по повод Велигден на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Објавено

на

    Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, традиционално на Велики Четврток, гостиварското градско аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ одржа концерт пред домашната публика во Центарот за култура „АСНОМ“. Со ова целовечерно дружење низ фолклорот и народната македонска музика, друштвото ја отвори годинешната концертна сезона.

    Публиката имаше можност да ужива во 70 минутна програма на сплетови на народни ора и песни, во изведба на фолклорната секција, оркестарот, најмалите членови на друштвото, како и пејачите Мирослав Крстески, Јовица Николоски и Ѓурѓица Николоска.

    Во воведниот дел на концертот се направи кратко потсетување на историјатот и функционирањето на друштвото, како најверен чувар на македонските традиции во Гостивар.

    „Друштвото е формирано во 1950-та година. Располага со сала за играње, просторија за носии и канцеларии. Располага со три комплети на машки народни носии и два комплети на женски народни носии. Од своето постоење има сопствен оркестар, а актуелниот состав функционира од 2006-та година до денес. Од своето формирање ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ има дадено 702 концерти на народни песни и игри. Во последните три години има одржано 38 концерти во Гостивар, Маврово Ростуше, Македонски Брод, Тетово, Куманово, Брвеница и околни села во гостиварската општина. На својот репертоар има 8 сплетови на игри: Тренесица, Водарки, Повардарие, Жетварка, Комитско, Шопска петорка, Беранче и сплет на игри од Егејска Македонија“, беше речено во најавата.

    Концертот го организираше националната установа Центар за култура “АСНОМ” со поддршка на Министерството за култура.

    Во периодот што следи гостиварското друштво ќе има настапи во Македонски Брод, Трница и Брвеница.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 5 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 8 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 10 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 13 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 15 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 16 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 18 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 19 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена