Поврзи се со нас

Рецепти

Пинса – Традиционален италијански специјалитет кој би можел да ја надмине пицата

Објавено

на

Убава и мека како пица, пинсата е нејзина претходничка, која оваа година би можела да се врати на голема врата.

Некогашното јадење во кое уживале старите Римјани го оживеаа италијанските пинсерии во САД, а гастрономските познаватели најавуваат дека во 2020-та ова јадење би можело да стане хит. Во тоа придонесува и фактот дека тестото за пинса полесно е за желудникот отколку она за пица.

Постојат повеќе начини за подготовка на тестото, од употреба на повеќе видови брашно до употреба на ферментиран квасец. За која варијанта и да се одлучите, потребно е трпение за резултатот да биде миризлив облак од тесто, однадвор крцкаво, а одвнатре меко.

Во продолжение е основниот рецепт од гастростручњакот Веруске Анконитано. По желба може да експериментирате со додатоци, како комбинација на маслиново масло, сол, рузмарин или моцарела.

Состојки за пинса, односно за тестото:

800 g оризово брашно
150 g соино брашно
1/2 вреќичка сув квасец
20 g сол
10 ml маслиново масло
1 l ладна вода

Подготовка:

Со раце промешајте ги сите три видови на брашно, па потоа измешајте го и квасецот. Додадете 8 dl ладна вода и мешајте околу 3-4 минути. Во тестото додадете сол, измешајте, па додадете масло и продолжете да мешате. Додајте ја останатата ладна вода и мешајте, најмалку, уште 5 минути. Ставете го тестото во сад и оставете го во ладилник, најмалку 35 часа, можете и 48 часа. После тоа, тестото извадете го од ладилник и оставете го 3 часа или додека не се удвои. Вадете парчиња тесто, развлечете ги, распоредете ги на измрсен плех со масло и одозгора нанесете намирници по желба.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

Bolja od pizze? Talijanska pinsa bi mogla postati hit u 2020.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена