Македонија
Трагедија: 6 годишно дете се удави во Пена во Тетово, бремената мајка не успеала да му помогне

Шестгодишно дете се удави денес во реката Пена во Тетово. Како што информираа од Центарот за управување со кризи во 14 часот преку Е-112 била добиена информација за дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, кое играјќи покрај брегот на реката Пена позади куќата во којашто живее, паднало во надојдената вода на реката. Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето.
Веднаш по дојавата, Центарот ги алармирал екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребарале целата област.
За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, извести ЦУК.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022