Гостивар
Трагедија: Осумгодишно дете од Гостивар загина во несреќа во Албанија

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија на патниот правец Елбасан-Пеќин животот го загубило осумгодишно дете од Македонија, а пет лица се повредени. Министерството за надворешни работи информираше дека жртвата е од Гостивар.
– Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х. жител на албанскиот град Каваја – пренесува TVKlan.al.
Во несреќата со повреди се здобила мајката на починатото дете Т.Б. и нејзината 11 – годишна ќерка, како и А.Х. и две лица кои биле во неговиот автомобил. Пренесени се во болница во Елбасан и според последните информации се надвор од животна опасност.
Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодена брзина на движење на автомобилот со македонски ознаки. Според медиумите местото каде што се случила несреќата е една од неколкуте црни точки на оваа делница.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден