Поврзи се со нас

Гостивар

Трагедија Турција-Учениците и менторот се упатуваат на безбедно, па се враќаат дома

Објавено

на

Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека деветте државјани на Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција), според последните информации се на безбедно и не се во животно – загрозувачка состојба. Се работи за ученици во средно училиште од Гостивар, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово итн, извести МНР.
По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со дополнително возило – комби – со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава.
Последните информации говорат дека за едно од децата кое има скршеница, направена е првична медицинска санација, и истото е подготвено за патување и заедно со групата ќе биде упатено назад кон земјава, штом дипломатот од Амбасадата во Анкара пристигне на лице место.
Според последните информации кои доаѓаат од состојбите во подрачјето на југоисточниот дел до Турција, бројот на загинати граѓани, потврдени од турските надлежни институции, надмина 1.500, додека бројот на повредени засега е околу 10 илјади. Како последица на земјотресот уништени се над 3.700 објекти.
Најтешко се погодени десет града, меѓу кои: Газиентеп, Кахраманмарас, Хатаи, Османије, Адијаман, Малатија, Санлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис. Во овој регион нарушена е нормалната комуникација, а сложените временски услови проследени со исклучително ниска температура, снежни врнежи и намалена видливост, дополнително го отежнуваат справувањето со последиците.
И последните информации од Амбасадата во Анкара, и Генералниот конзулат во Истанбул добиени во 18:30 часот (16:30 МКД време) нема други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, а нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.
Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 57 минути

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 5 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 7 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 8 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 10 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 11 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена