Поврзи се со нас

Гостивар

Трајановски: Автопатите од коридорите 8 и 10-д ќе бидат завршени за максимум четири години

Објавено

на

    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека се откочени одредени процеси и дека во наредните четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д.

    „Откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите, вели Трајановски, во интервју за „360 степени“ на МРТ, додавајќи дека претходната власт бавно ја работела експропријацијата.

    Според Трајановски, се разгледуваат начини за ревидирање на договорот за надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“, кој го доби конзорциум предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“. Смета дека една од опциите е во надзорот да се вклучи уште една компанија која ќе биде со светско реноме.

    „Неколку пати разговарав со „ИРД“. Ако мене лично ме прашувате, јас не сум задоволен од тоа колку пари им се плаќаат врз основа на тоа што го сработуваат. Меѓутоа, тоа е договор што е потпишан и ние сега гледаме начини дали би можеле тоа да го ревидираме. Го викнав одговорниот на „ИРД“ и му реков за конкретна секција, бидејќи ништо не се работи, а во предлогот имаат предложено и ние плаќаме 12 луѓе. Таму 12 луѓе немаат работа, имаат четири до пет луѓе. Во дргата делница слично, во третата делница слично“, наведува Трајановски.

    На новинарско прашање дали има репреговарање на договорот, Трајановски вели дека тоа прашање треба да биде адресирано лично до премиерот, но според информациите со кои располага, дека се преговара на високо ниво.

    Во однос на трајноста на договорот потпишан со „Бехтел и Енка“ што исто така тогашна опозиција го критикуваше, Трајановски вели дека иако тоа е обврска на Владата, тој мисли дека во моментов се разговара за тоа кои делови од документот да бидат јавно достапни и оти има одредено поместување.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена