Вести
Трансфузиологија Гостивар: Од 5 до 10 лица дневно даруваат крв
Летните месеци, поради годишните одмори, обично важат за критични кога станува збор за резервите на крв и крвни продукти. Минатата недела, наши сограѓани преку нашиот портал испратија апел за итна потреба од крв од групата Б негатив, која важи за една од поретките. Денес ја посетивме Службата за трансфузиологија во Гостивар од каде добивме информација дека моментално располагаат со доволно единици на крв и дека сега за сега, нема недостиг од ниедна крвна група. Од таму потенцираа дека имаат развиено добра соработка со одделенијата за трансфузиологија од околните градови и дека се надополнуваат кога се јавува потреба.
„За сега, за секое барање, за секоја крва група ние ги услужуваме сите пациенти. Соработуваме со службите во Тетово, Кичево, Струга, Дебар, постојано контактираме за да се реагира доколку има потреба. Сакам да потенцирам дека хуманоста и одговорноста кај гостиварските крводарители се на високо ниво. Тоа го докажува фактот што самоиницијативно доаѓаат да даруваат крв пред да заминат на одмор. Дневно во службата, крв даруваат од 5 до 10 граѓани “, изјави д-р Кадри Елези од Служба за трансфузиологија во Гостивар.
Евиденцијата на гостиварската трансфузиологија кажува дека во првите шест месеци од оваа година, биле собрани вкупно 800 единици на крв.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди