Гостивар
„Треба да живееме со вирусот и да се придржуваме на основните правила“, вели Таравари по порастот на бројката на корона позитивни во Гостивар
Изминатите денови се бележи пораст на бројката на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје. Според градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој е и претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб, состојбата е сериозна, но сепак се држи под контрола.
„Состојбата во Гостивар е релативно сериозна, но во однос на другите општини имаме помал број на заболени. Во трите општини Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше заклучно со вчерашната статистика има 90 активни случаи, од кои 18 се хоспитализирани, а останатите се на домашно лекување. Ќе повторам, треба да се живее со вирусот и да се придржуваме на основните правила: хигиена, маски и дистанца. Последниот период дефинитивно нема контрола во ситуацијата во целата држава. И морталитетот расте енормно, ако споредите со другите земји од регионот, сите тие заедно имаат помал морталитет отколку Македонија. Сега е и период на избори и кампања и тоа ќе влијае бројката да расте“, вели Таравари додавајќи дека после изборите ќе се создаде политичка Влада која со Министерство за здравство ќе има нови луѓе кои имаат визија и ќе знаат како да се справат со ситуацијата.
Од вкупниот број активно болни, 60-тина се од Општина Гостивар. Градоначалникот вели дека ги има од различни делови на градот и населби како и од селата.
На гостиварското подрачје до сега се направени 794 тестови за корона.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди