Македонија
Тренчевска: На Економскиот совет се зборуваше за намалување на платите на функционерите

Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Затоа, како што вели таа, нема ништо неуставно.
Тренчевска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ се осврна и на собраниската расправа за Законот за работни односи, па посочи оти останува на тоа дека законот е во рамките на Уставот.
Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.
Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед.
Посочи дека на Економскиот совет се зборуваше да се намалат платите на функционерите и додаде дека функционерите не си ги зголемија платите самите, туку тоа го стори Уставниот суд.
„Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат. Досега зедовме една зголемена плата. Ќе најдеме решение за оваа ситуација и тоа ќе биде решение за сите работници вклучително и функционерите, а тоа ќе биде системско решение. Ние како Влада сме расположени да разговараме и да преговараме со работниците за платите. Преку нова методологија која ќе ги опфаќа и платите на функционерите ќе го надминеме предизвикот со одлуката на уставниот суд, Работиме на решение со кое ќе се пресметува платата по коефициент на сложеноста на работа“, потенцира Тренчевска.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение