Поврзи се со нас

Македонија

Тренчевска: Вработените во градинките од 2017 досега добија повисока плата за околу 21%

Објавено

на

„Најголем дел од детските градинки работат и ги згрижуваат децата, мал дел градинки во Гази Баба, во Бутел и една градинка во Карпош не работат. Останатите градинки во државата, ги згрижуваат децата и имаат воспитувачи и негователи, кои не штрајкуваат и ги згрижуваат децата“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.

Воедно, таа посочи дека едно од барањата на СОНК  е усогласување на Колективниот договор со минималната плата и покачување на платите на воспитувачите и негувателите за 18,4 проценти за кое и единствено се разговарало на состаноците, додека за другите барања на СОНК , а кое се однесуваат на почитување на работното време, во делот на приправниците, унапредувањето од пониско кон повисоко работно место, почитување на нормативите за конституирање на групите, водењето на еден дневник и кариерниот развој на воспитувачите и негователите, не се отворила дискусијата.

Во однос на платите на вработените во детските градинки, министерката истакна дека од 2017 година, тие бележан континуиран раст.

– Во 2017 година,  платата на воспитувач била 18.300 денари, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна  плата е 19.560 денари, а во 2017 година негователот земал плата 14.493 денари. Ова покажува дека платата е покачена за околу 21 процент, а техничкиот персонал доби покачување со  Законот за минимална плата и нема пониска плата од 18.000 денари, рече Тренчевска.

Исто така, министерката додаде дека со барањето за покачување негователите би добиле околу 24.000 денари, нето плата, без минат труд, додека пак, воспитувачите 30.500 денари.

Министерката, ушто посочи на тоа дека во услови на најголема светска економска и енергетска криза во поново време и во услови кога државата го финансиски го поддржува приватниот сектор, за да се задржи ликвидноста на компаниите и се обезбеди на плата за јавниот сектор, во време кога се покачи минималната плата и пензиите, покачувањето на платите на јавниот сектор може да почека.

– Социјалниот дијалог продолжува, потребно е да разговараме и за барањето за усогласување на платите, но и за останатите барања, за нов колективен договор, со оглед дека сегашниот завршува на крајот од јуни и за сите барања кои значат повеќе права за вработените во Јавните установи за згрижување на деца од предучилишна возраст, посочи Тренчевска.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена