Гостивар
Тренинг и вежба за спасување при елементарни непогоди утре во училиштето во Пирок

Во Основното општинско училиште, „Сами Фрашери“ – с.Пирок, Општина Боговиње, со почеток во 11.30 часот ќе се организира и спроведе обука, тренинг и тактичко показна вежба за проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во училиштето во случај на природни непогоди и други несреќи. Вежбовна активност ќе се спроведе по замислено сценарио за заштита и спасување од свлечиште и пожар во училишните објекти и спортските терени во Основното општинско училиште, „Сами Фрашери“ – с.Пирок, Општина Боговиње.
Тема на обуката е брзо напуштање на објектот, заштита и спасување во услови на свлечиште, пожар и други елементарни непогоди во училишните простории.
Цел на обуката е да се направи проверка на училишниот персонал и учениците за брзо и организирано напуштање на училишните простории ккао и спасување и пружање на прва медицинска помош на загрозени лица.
Вежбата е од неопходно значење за жителите на Полошкиот регион кој често е погоден од силни поројни дождови и свлечишта, опасни по живот за месното население.
Во рамките на вежбата ќе учествуваат: ОУ „Сами Фрашери“ – с.Пирок, Општинска организација на Црвениот крст Тетово, ПО ДЗС Тетово, Здравствен дом Тетово, ПО ДЗС Тетово, СВР Тетово, Полиција.
Обуката, тренингот и вежбата се спроведуваат како дел од превентивните активности и едукација на населението во рамките на проектот „ Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, финасиран од Швајцарската амбасада, а имплентиран од УНДП МК , Министерство за животна средина и просторно планирање и локалните самоуправи од Полошкиот регион.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава