Гостивар
Трет ден активен пожарот и чади од запалено ѓубре кај тетовска Волковија

Запалениот смет на депонијата кај тетовска Волковија се уште ред гори и чади. И понатаму, во зависност од ветер, чадот и непријатната миризбата се шират низ целата полошка котлина, Тетово и Гостивар како и селата помеѓу двата града.
Од Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека во текот на вчерашното попладне и ноќеска се гасат делови од депонијата и во одредени специфични ситуации согласно потребите.
„Уште е активен пожарот, сè уште има оган и чад на депонијата. Камиони на тетовската пожарна одат често за да интервенираат. Чадот се шири цела ноќ и претставува големо загадување на воздухот во Тетово особено“, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.
Според него за целосно гасење на огнот потребно е да се заврши со постапката на затрупување на запалениот смет во дупка.
„Денес контактирав со сопственикот на депонијата, продолжува со ангажирањето да најде багери од други компании за да се затрупа најголем дел од отпадот“, информираше Амети.
Само до вчера, четврток, ТППЕ Тетово интервенираше на депонијата со 40 камиони кои имаат капацитет да носат десет тони вода. Депонијата се запали во вторникот еден час по полноќ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос