Поврзи се со нас

Гостивар

Трет Меморијален турнир „Д-р Трајче Нешковски“ во Гостивар: Луѓето како него оставаат траен белег!

Објавено

на

Тридневните активности кои во Гостивар се организираат во спомен на Д-р Трајче Нешковски, се заокружуваат денес со Меморијален турнир во мал фудбал. Настанот, кој се одржува во спортската сала на гостиварската гимназија почна претпладнево, а му претходеше ревијален натпревар на младинските екипи на КК Гостивар.

„Дојдовме сите на едно место, онака како што знаеше да не‘ собере Трајче. Овие две години откако Трајче трагично не‘ напушти, не‘ научија дека тој никогаш нема да биде заборавен, зошто луѓето како него оставаат траен белег во времето во кое живееле. Нам, ни остана обврската и должноста да се сеќаваме на неговите зборови, лекции и добрини и да го сочуваме од заборав неговиот лик и дело. Ако човек живее онолку колку што се спомнува тогаш Трајче живее секој ден“, беше речено на отворањето на турнирот.

Присутните во салата имаа можност да го проследат и видеото со кое се потсетија на неговата биографија, живот и дело како човек, пријател, лекар, и му оддадоа искрена почит со неколкуминутен громогласен аплауз.

trajce 2023 (9)
trajce 2023 (7)
trajce 2023 (4)
trajce 2023 (3)
trajce 2023 (10)
trajce 2023 (6)
trajce 2023 (1)
trajce 2023 (5)
trajce 2023 (8)
trajce 2023 (2)
trajce 2023 (11)
trajce 2023 45 (1)
trajce 2023 (9) trajce 2023 (7) trajce 2023 (4) trajce 2023 (3) trajce 2023 (10) trajce 2023 (6) trajce 2023 (1) trajce 2023 (5) trajce 2023 (8) trajce 2023 (2) trajce 2023 (11) trajce 2023 45 (1)

На турнирот учествуваат 8 екипи составени од другари, сопартијци, соработници на Нешковски: СДММ централа, СДСМ централа, ЛК СДММ Гостивар, УМС Гостивар, Другарите на Трајче, Малеарди, Другари Исток, Другари Запад.

Меморијалниот турнир, кој се одржува по трети пат, традиционално има хуманитарен карактер и парите собрани од влезници и донации ќе бидат наменети за помош на социјално загрозени семејства.

Активностите ги организира Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 20 часа

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена