Спорт
Трет пораз за македонските кошаркари на олимписките претквалификации во Талин

Во третото и последно коло на предолимписките квалификации во главниот град на Естонија, македонската кошаркарска репрезентација попладнево загуби оф Чешка со 94:82.
Без победа во три одиграни натпревари избраниците на селекторот Александар Јончевски го завршија овој циклус натпревари.
Ти-Џеј Шортс уште еднаш беше најдобар поединец во македонскиот состав. Тој мечот го заврши со 27 реализирани поени и пет асистенции. Одлични минути забележа Андреј Андоноски, кој оваа средба во Талин ќе ја памети по постигнатите 14 поени и два скока, додека капитенот Војдан Стојановски го следеше со 13 поени и по два скока и исто толку асистенции.
Вечерва, од 18 часот, во Арената „Тондираба“ ќе се игра и последниот натпревар од турнирот во кој ќе се сретнат репрезентациите на Израел и на Естонија. Победникот ќе го потврди својот пласман во наредната фаза, која стартува на 17 август во полскиот Гљивице.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!