Македонија
Трета доза вакцина против ковид може да примат сите без оглед на возраста
Трета доза вакцина против Ковид-19 освен граѓани над 60 години ќе може да добијат и кои било други граѓани без оглед на возраста, без оглед на тоа дали имаат или немаат хронични болести, а се во значаен ризик заради фреквентните контакти, типот на работа, работното место, да заболат од Ковид-19.
Ова е препораката од Комитетот за имунизација која денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека тоа се препораки што практично ги следат препораките од некои други европски земји и САД.
Претседателот на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова појасни дека следејќи го искуството и тоа што е во пракса во во другите евроспки земји и во САД, сметаат дека освен за граѓани над 60 години, сите здравствени работници и лица со имунокомпромитирана состојба, трета доза вакцина се препорачува да примат и граѓани кај кои постои ризик од можна појава на Ковид-19 заради нивното работно место, заради честите контакти приватно или на работните места…
– Најверојатно и оваа препорака ќе се дефинира со цел да се заштитиме од многу инвазивниот делта сој и бидејќи шесте месеци од почетокот на вакцинацијата упатува на тоа дека ефективноста на дел од вакцините се намалува и токму поради тоа беше иницијалната препорака за трета доза, додаде д-р Грозданова.
Во врска со состојбата со Ковид-19 во државава министерот Филипче рече дека таа е многу стабилна во смисла на тоа дека континуирано повеќе денови има речиси идентичен број новодијагностицирани случаи – меѓу 450 и 500, но бројот на хоспитализирани пациенти се намалува насекаде низ државата.
– Во болниците ширум државата, во клиничките болници и општите болници пациентите се сместени само во инфективните одделенија, многу мал број во Кичево и во Тетово по пет до десет пациенти во Охрид, во Прилеп има 17, во Струга 15 пациенти, шест пациенти во Кавадарци, а во Скопје, Клиниката за оториноларингологија и болницата во Козле веќе се враќаат во нормална работа. Значи, таму веќе се празнат капацитетите и нема да се сместуваат повеќе пациенти. Останува во Скопје хоспитализација на Инфективната клиника и во двете приземни одделенија на старата Интерна клиника, каде се уште се одвива ротацијата на кадарот од сите клиники, тука на Клиничкиот центар. Околу 580 пациенти има вкупно хоспитализирани пациенти денеска и тоа е трендот на намалување во изминатите денови, 700, од близу 650 и еве денеска под 600 пациенти, истакна Филипче.
Во однос на вакцинацијата, посочи дека вкупно се вакцинирани 789.000 граѓани, од кои 734.000 се ревакцинирани.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба