Поврзи се со нас

Вести

Третина од децата имаа искривен `рбет

Објавено

на

Една третина од децата на училишна возраст имаат проблеми со искривување на `рбетниот столб. Ортопедите во Гостивар предупредуваат дека учениците носат претешки ранци, не спортуваат доволно и не го држат правилно телото додека пишуваат. Ризик за деформитети претставува и долгото седење пред компјутер.

„Последниве години родителите многу реагираат на тоа, укажувајќи дека децата носат премногу книги, учебници, прибори и слично. Чантите кои неретко тежат и до 8 килограми се преголем и опасен товар за детскиот грб. Постои правило дека ранецот треба да се носи така што тежината мора да биде поставена во долниот, слабинскиот дел од грбот“, објаснува  д-р Голубе Јаневски, ортопед во општа болница во Гостивар

            Искуството на ортопедите со школската популација покажува дека најголемиот дел од децата не го држат правилно телото кога пишуваат ниту во училишните клупи, ниту пак дома. Се наведнуваат и се доближуваат премногу блиску до тетратките, што освен за `рбетот е опасно и за видот. Правилно држење на телото при пишување и читање на столче значи одалеченост на очите од учебникот од околу 40-тина сантиметри.

Искривувањата на `рбетниот столб кај учениците најчесто се откриваат при задолжителните систематски прегледи. Лекарите имаат и значителен број примери кога родители на своја рака ги носат децата на преглед затоа што се сомневаат на проблем. Раното откривање дава можност деформитетот навреме да се корегира.

Одредени истражувања покажале дека деформитетите на `рбетниот столб се двапати почести кај девојчиња отколку кај машките.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена